- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 320.45 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-374/14
„(...) во конкретниот случај предмет на спор е одлуката за за откажување на договорот за вработување па судот согласно со законските одредби од ЗРО може само да ја цени законитоста, односно незаконитоста на самата одлука, дали во истата е наведен основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и дали работодавачот ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот. Видно од содржината на спорната одлука е наведено дека на тужителот му се откажува договорот за вработување заради неисполнување на посебните услови во чл. 41 од Законот за гранична контрола и чл. 83 од Законот за воздухопловство, односно согласно Правилникот за персоналот од 24.04.2012 година, на 18.11.2012 година поднесено било барање за спроведување на безбедносна проверка на работникот Ф. И. до МВР и на 10.12.2012 година бил добиен одговор од МВР, со кој МВР доставил негативно мислење на начин што не дозволува ова лице да добие важечка аеродромска идентификација картичка – беџ, и поради неисполнување на овој посебен услов работникот не може да извршува работни задачи на Аеродром, бидејќи согласно со чл. 83 од Законот за воздухопловство, во рамките на Аеродромскиот периметар дозволено е движење само на лица кои извршуваат службени обврски и кои поседуваат важечка аеродромска идентификациона картичка која се издава на Аеродромот по претходно добиено мислење од страна на МВР, во согласност со критериумите содржани во националната програма за обезбедување на цивилното воздухоплоство и согласно со чл. 41 од Законот за гранична контрола, вработените кои извршуваат дејност на подрачјето на граничен премин, потребно е да носат беџ заради движење и престој на граничен премин и одредбите за посебни услови за вработување во Правилникот за персоналот од 24.04.2012 година. Тужителот бил вработен на работно место Референт за безбедност. Тужениот во текот на работењето на тужителот, поднел две барање за обавување на безбедносна проверка согласно критериумите наведени во Националната програма за воздухопловна безбедност на РМ и тоа на 02.10.2012 година и на 08.11.2012 година и од страна на МВР во двете барања било наведено дека лицето Ф. И. не задоволува безбедносна проверка, па од тие причини бидејќи тужителот не добил валидна аеродромска идентификациона картичка, односно беџ, истиот не можел да ги извршува работните задачи на работно место Референт за безбедност, односно да ги извршува договорените и другите обврски од работниот однос, па оттука правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно со чл. 76, ст. 1 од ЗРО в. в. со чл. 83 од Законот за воздухоплоство и чл. 41, ст. 1 од Законот за гранична контрола.”