- Version
- Преземи 9
- Големина на фајлот 182.53 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 3, 2018
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1293/17
„(...) по наоѓање на овој суд, неосновани се и жалбените наводи на тужителката дека не била донесена одлука за укинување на работното место Заменик-генерален директор, како и тоа дека со тоа што во предметната одлука не е определен отказен рок, како и правото на отпремнина, истата е незаконита.
Ова од причина што, во конкретниот случај се работи за постапка за воведување на економски, организациони, технолошки и структурни промени поради настанати финансиски потешкотии во поглед на работењето на тужениот, и тоа за укинување на работно место со понуда за склучување нов променет договор
за вработување.
(...) тужениот во конкретната правна работа постапил согласно со закон, односно истиот поради финансиски потешкотии во поглед на работењето, а видно од извештајот од независни ревизори и од финансискиот извештај (...), за надминување на состојбата со одлука (...), за измени и дополнување на правилникот за
организација и систематизација, извршил промени на чл. 14 од правилникот, на чл. 16 во смисла на работни места и потребни услови за извршување на истите. Со одлука донесена на одржана седница и записник (...) за усвојување на правилникот за организација и систематизација, тужениот предложил промени во работата на друштвото во смисла на формирање нови служби за наплата и побарување во рамките на Секторот за финансиско сметководство, преструктуирање на Секторот за осигурување во служба, приклучување на служби кон секторот и бришење на работното место заменик-генерален директор.
Тужениот донел одлука (...) од 30.1.2015 година со која ѝ го откажува договорот за вработување поради престанување на потребата на работа и воведување на организациони и структурни промени и кон одлуката ѝ бил доставен нов променет договор за вработување (...) од 2.2.2015 година на определено време, за засновање работен однос, со промена на работното место во соработник за судски застапувања во сектор
за човечки ресурси, правни и општи работи и информатички технологии, во Дирекцијата С., за работни задачи определени со правилникот за организација и систематизација, со образложени причини за нејзиното донесување, како и кои се правните последици од понудување на новиот договор за вработување, во смисла на прифаќање или одбивање на истиот.
Оттука, се јавуваат како неосновани наводите на тужителката дека не постојат образложени и основани причини за донесување на предметната одлука и дека во истата не ѝ е укажано на правна заштита, ниту пак била запознаена со нејзините права од осигурување во случај на невработеност.
Имено, потребите за измени и носење на нов правилник за систематизација, тужениот ги има образложено во донесените одлуки на Управниот одбор, изготвените записници. Со оглед дека станува збор за укинување на работно место и со примена на чл. 78 од ЗРО работодавачот ѝ го откажал договорот за вработување на тужителката со донесената оспорена одлука и ѝ понудил склучување нов променет договор за вработување на работно место соработник за судски застапувања во сектор за човечки ресурси, правни и општи работи и информатички технологии, во Дирекцијата С., произлегува дека работодавачот постапил согласно со одредбите од ЗРО, односно ги образложил причините за изречениот отказ и понудата за склучување на новиот променет договор за вработување.”