Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-632/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 503.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 1, 2015
  • Последна промена август 1, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-632/14

Со оспорената одлука на работничката ѝ бил откажан договорот за вработување согласно чл. 81, ст. 1, т. 2 од ЗРО, бидејќи покажала незадоволителни резултати во извршувањето на работните задачи, кои се образложени во одлуката, со која на тужителката-работничката согласно чл. 78 од ЗРО ѝ се дава понуда за склучување нов променет договор за вработување на друго работно место. Меѓутоа, работничката не сторила повреда на работниот ред и дисциплина, не била опоменувана или казнувана поради ненавремено и неодговорно вршење на нејзините работни задачи од нејзините претпоставени, дотолку повеќе што забелешки за работењето на архивата немало ниту од Државниот архив како надлежна институција за вршење контрола на работата. Имајќи го предвид наведеното, одлуката за отказ на договорот за вработување е незаконита и притоа судот го задолжил работодавачот да ја врати тужителката на работа и да ја распореди на работно место соодветно на нејзиниот степен на стручна подготовка.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-427/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право