Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ 1860/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 102.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 14, 2021
  • Последна промена октомври 14, 2021

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ 1860/12

„Работодавачот во ситуација во која временски период вработените против кои се водела кривична постапка отсуствувале од работа и поради неможност на редовно и нормално функционирање бил принуден во меѓувреме да ангажира нови вработени лица, кои биле распоредени на упразнените места на суспендираните вработени, па од тие причини, работодавалот донел програма за воведување економски и структурни промени со мерки за решавање на правата на работниците за чија работа престанала потребата со намера да ги задржи на работа времено суспендираните работници, меѓу кои и тужителот-работникот и врз основа на донесената програма извршил и измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места за распоредување на овие работници на други работни места соодветно на степенот на нивната стручна подготовка, односно на истите им било понудено продолжување на работниот однос со понуда на нов договор за вработување на друго работно место.

Работодавачот основано и законито ја спровел постапката со откажување на договорот за вработување со предлог за склучување нов променет договор за вработување и тужителот-работникот во овој случај не е доведен во неповолна положба, бидејќи ова претставувало единствена можност да може да биде работно ангажиран, а воедно истиот бил распореден на работно место на кое била предвидена средна стручна подготовка со која располагал.

Согласно чл. 78 и чл. 83, ст. 1, т. 4 од ЗРО, одлуката на работодавачот е законита, затоа што со склучување на новиот променет договор на тужителот-работникот не му е повредено правото од работен однос, односно истиот бил распореден на работно место соодветно на неговата стручна подготовка.“

 

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1611/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право