Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-205/18

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 187.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 13, 2018
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-205/18

„Од содржината на оспореното решение, произлегува дека работодавачот ја утврдил фактичката состојба единствено врз основа на службената белешка која не била доставена и од кривичната пријава. Работодавачот во текот на постапката не доставил, ниту предложил други докази, освен доказите за поднесената кривична пријава против работникот-тужителот за постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело Примање поткуп од чл. 357, ст. 2 од КЗ, од кој доказ не била утврдена основаноста на причината за откажување на договорот за вработување без отказен рок.

Работодавачот во образложението на спорното решение не ги навел дејствијата кои ги презел работникот, кога и на кој начин побарал и примил парични средства и од кои патници кои ја поминуваат границата примил награда или имотна корист во извршување на службените задачи, па со тоа не е достоен за извршување работни задачи кај работодавачот и не го чувал својот углед и угледот на работодавачот, а со кои дејствија би ја прекршил работната дисциплина.

Кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина.

Во конкретниот случај, оспореното решение не ги содржи сите законски елементи од кои произлегува основот за отказот утврден со закон, КД и акт на работодавачот, односно во истото не се утврдени дејствијата со кои работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина кај работодавачот.

Работодавачот има обврска да докаже дека работникот, односно тужителот ја сторил повредата, која му се става на товар, бидејќи само наведување на основот за откажување на договорот за вработување без докажување на основаноста на истиот не може да претставува основ за откажување на договорот за вработување поради повреда на чл. 86, а в.в. со чл. 82, ст. 2 од ЗРО и чл. 133, 134, ст. 1, т. 7, 8, 11 и 14 од Колективниот договор на МВР.“

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-386/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право