Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-692/10

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 112.53 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 17, 2010
  • Последна промена мај 6, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-692/10

„(...) од страна на тужениот била спроведена постапка во случај на откажувањето на договорите за вработување на вработените од деловни причини, односно од страна на тужениот била изготвена програма за намерата за донесување на одлука за откажувањето на договорите за вработување на поголем број вработени, бил известен синдикатот за истата намера, изготвена била нова систематизација на работни места, а со оглед на тоа дека на ниво на тужениот не е слкучен колективен договор меѓу тужениот и овластениот синдикат на вработените, а спроведувајќи ја програмата и одлуката на одбор на директори, изготвени биле критериуми и мерила на основа кои ќе се врши бодирање на вработените во случај кога ќе биде намален бројот на извршителите на определени работни места, како и била известена службата надлежна за посредување при вработување за планираните колективни отпуштања од страна на тужениот. Тужителот бил вработен кај тужениот на неопределено време од месец септември 1989 година најнапред на работно место ликвидатор, па потоа на работно место финансов книговодител во Сектор на финансии и контрола. Како финансови книговодители биле 8 извршители, а со новата систематизација бил намален бројот на извршители. Според ранг-листата тужителот имал 61 бод. Одборот на директори кај тужениот на ден 24.4.2009 година донел одлука за усвојување на промени во организациона структура кај тужениот и престанување на потреба од работење на поголем број на работници поради деловни причини со која го усвоил вонредниот извештај на главниот извршен директор од 23.4.2009 година и ја одобрил промената на организационата структура, бројот на работните места и бројот на извршители по работно место предложени од страна на главниот извршен директор, одлучувајќи дека престанала потребата од работа на најмногу 180 работници поради деловни причини и го овластил главниот извршен директор да ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката во правилникот за организација и систематизација на работните места на тужениот. Имајќи го наведеното предвид и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот спровел законита постапка за престанок на работниот однос на тужителката од деловни причини во смисла на законските одредби од ЗРО.

Одлуката на собранието на акционери бр.02-904 од 27.8.1998 година за извршување на трансфер на обични акции и реализација на заедничката понуда, Понудата за купување на обични акции од 24.6.1998 година и Договорот за продажба на обични акции бр.02-900 од 26.08.1998 година со кои на тужителот му било гарантирано правото на работа сè до пензионирање, претставуваат одлуки што произлегуваат од законските овластувања на собранието на акционерското друштво од кои одлуки се засегнати исклучиво акционерите во права смисла и конфликтот на интереси меѓу друштвото и акционерите согласно Законот за трговските друштва. Меѓутоа, кога се работи за однос меѓу работник и работодавач согласно со одредбите од ЗРО, правата и обврските работникот исклучиво ги остварува согласно со Законот за работните односи, Колективниот догоровор и Договорот за вработување. Сите одлуки донесени од собранието на тужениот не го засегаат интересот на вработените во остварувањето на своите права и обврски што произлегуваат од заснованиот работен однос со работодавачот, туку одлуките на собранието на тужениот се однесуваат на правата и обврските меѓу друштвото и акционерите.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1202/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право