Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1083/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 353.84 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 4, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1083/13

„(...) тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, односно дека истиот постапил спротивно на правилата дадени во кодексот за однесување и облекување, а со тоа што телефонски разговарал во приватни цели без да се јави во листата и го прекршил работниот ред и дисциплина на начин што го вклучил приватниот компјутер во канцеларија каде што било најстрого забрането, па оттука правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно со чл. 81, ст. 1, т. 1 и т. 2 од ЗРО.

Неосновани се жалбените наводи на тужителот во кои наведува дека одлуката за откажување на договорот за вработување не произведува правно дејство бидејќи истата е поднесена од неовластено лице. Ова од причина што одлуката за откажување на договорот за вработување е донесена од страна на лицето С. Д. како овластено лице од страна на управителите на тужениот, а врз основа на писмено полномошно кое е заведено кај нотар УЗП.бр.15738/2010 од 12.11.2010 година и врз основа на кое одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот е спроведена и во Агенцијата за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.1109/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право