Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1383/17

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 189.02 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 21, 2018
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1383/17

„На спорната околност на кој начин е извршено бодирање, поточно околноста за бодирање по критериум економска и социјална состојба, првостепниот суд правилно утврдил дека на тужителот му е доставен интерен допис преку е-маил, со кој е побарана потврдата, а со цел да се изврши бодирање и по тој основ. Во истиот допис е утврдено дека потврдата може да се достави најдоцна до 11.11.2013 година.

Видно од изготвената листа на тужениот за рангирање е дека рангирањето е извршено на 5.11.2013 година, односно пред рокот за кој тужителот можел да достави докази, а работодавачот имал обврска да го почитува.

Оттука, произлегува дека тужениот во услови кога истиот го задолжил тужителот во определен рок да достави потврда за неговата социјална и економска положба со цел да изврши бодирање по овој критериум, но тужениот без да почека да истече рокот што му го оставил на тужителот да достави потврда за неговата социјална и економска положба извршил бодирање на начин што по критериум економска и социјална состојба му дал 0 бодови, правилно првостепениот суд прифатил дека тужениот постапил спротивно на чл. 95 од ЗРО, односно не ја запазил законитоста на постапката и не ги исполнил условите предвидени во овој член и истиот донел незаконита одлука за откажување на договор за вработување од деловни причини.“

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-165/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право