- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 113.19 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 15, 2010
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-945/10
„(...) првостепениот суд заклучил дека тужениот при донесувањето на оспорените одлуки постапил во согласност со одредбата од членот 95 од ЗРО, односно дека биле извршени советувања и консултации за изнаоѓање на можни решенија и мерки за спречување и ублажување на штетните последици, како и работно ангажирање или оспособување за друго место во смисла на членот 96 од ЗРО и дека донесувањето на акти и одлуки во еден ден на 30.10.2009 година не било од битно влијание да претставува повреда на постапката, затоа што во конкретниот случај спроведената постапка била последица на донесен закон, поради што и одлучил тужбеното барање на тужителот да го одбие како неосновано.
По оценка на овој суд напреднаведениот заклучок на првостепениот суд е неприфатлив и спротивен на одредбата од членот 95 од од Законот за работни односи. Имено, по оценка на овој суд со тоа што тужениот во еден ден поточно на 30.10.2009 година, што е видно од Записникот од ХVI-тата седница на Претседателството на собранието на тужениот го разгледувал предлогот на Одлуката за измена на правилникот за организација на работа и систематизација на работите и работните задачи, донел одлука за измени на овој акт, вршел консултации и советување со претставникот на вработените за откажување на
Договорите за вработување од деловни причини, ја разгледувал Предлог - програмата за технолошки вишок, на истата седница донел Програма за технолошки вишок, ја разгледувал Предлог-одлуката за престанок на работниот однос на работници од деловни причини, на истата седница донел Одлука за престанок на работниот однос на работници од деловни причини, а на 1.10.2009 година ја донел и Одлуката за отказ на договорот за вработување поради деловни причини на тужителот, произлегува дека ниту имал можност ниту пак утврдил дали постои или не можност вработенте меѓу кои и тужителот како последица од донесување на напред наведениот закон да бидат распоредени на други работни места кај тужениот или кај друг работодавач, односно да бидат преквалификувани или доквалификувани за работа кај тужениот или кај друг работодавач што пак е во спротивно со одредбата од членот 96 од Законот за работните односи. По оценка на овој суд, донесувањето на напред наведените акти, програма, одлуки за огласување на работници за технолошки вишок и донесувањето на Одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот во ист ден е суштествена повреда на постапката предвидена со напред наведените законски одредби која пак има за последица поништување на одлуките кои се донесени во таквата постапка.
Поради напред изнесеното овој суд утврди дек предметните одлуки наведени во изреката на оваа пресуда се незаконити, донесени спротивно на напред наведените законски одредби, поради што и одлучи жалбата на тужителот да ја усвои, обжалената пресуда да ја преиначи и да донесе пресуда како вово изреката, што е во согласност со одредбата од членот 361 став 1 точка 4 од ЗПП“.