Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-449/14

  • Version
  • Преземи 17
  • Големина на фајлот 146.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 26, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-449/14

Тужениот работодавач не ја спровел во целост постапката за престанок на работниот однос од деловни причини. При откажување на договорот за вработување на тужителката не постапил според одредбата од чл. 95, ст. 1 од ЗРО, истиот не спровел постапка на реорганизација на работењето и откажување на договорите за вработување од деловни причини и при тоа не го применил ЗРО.

Работодавачот ја спровел постапката за технолошки вишок без претходно да изготви програма со конкретно наведени и образложени причини за прогласување на работниците за технолошки вишок. Во конкретниот случај, работодавачот извршил промена на правилникот за систематизација, извршил намалување на две работни места со укинување на истите, но никаде во доказите не било доставено, ниту пак во судската постапка било приложено зошто работодавачот ја вршел оваа реорганизација, дотолку повеќе што промена на правилникот се врши во краток период од два месеци, помеѓу постоечкиот стар од 23.8.2012 г. и новиот изменет правилник за систематизација од 31.10.2012 г. Работодавачот не ја објаснил и не доставил податоци за постоечката економска состојба и финансиското работење како причини за спроведување на рационализација на работните места, имајќи предвид дека објавувал и конкурси за нови вработувања. При спроведување на постапката за технолошки вишок не биле доставени докази за преземени мерки за ублажување на состојбата со работниците на кои требало да им престане работниот однос по овој основ, не докажал дека постапил по одредбите од чл. 94-а од ЗРО. Согласно истиот, работодавачот со вработени 94 работници имал обврска да изврши информирање на работниците преку нивни претставници за причините за спроведување на постапката за реорганизација. Исто така, на тужителката ѝ било соопштено дека ќе ѝ престане работниот однос како технолошки вишок пред работодавачот да изврши какви било измени во интерните акти, без да донесе претходно програма со извршена анализа и утврдени причини за намалување на работни места, без претходно да ја информира тужителката преку претставниците на работниците за спроведување на постапката за технолошки вишок.

При давањето на отказ на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен да наведе доволно образложени и аргументирани причини поткрепени со анализи и докази од кои со сигурност може да се утврди оправданоста на отказот. Во конкретниот случај, неспорно е дека работодавачот при откажувањето на договорот за вработување на тужителката, односно во оспорената одлука не навел основани причини врз основа на кои се темели основот за давање на отказ на договорот за вработување, ниту во текот на постапката доставил доказ од кој би се утврдило дека постоела основана причина за донесување на оспорената одлука.

 

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право