Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1716/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 191.55 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 11, 2018
  • Последна промена ноември 22, 2021

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1716/17

„....од причина што,според состојбата на списите во предметот во конкретниот случај помеѓу тужителката и тужениот нема склучено договор за вработување согласно со Законот за работни односи за да може да се прифати дека се исполнети законските услови за откажување на договорот за вработување со понуда за склучување на променет договор за вработување, во согласност со чл.78 од ЗРО.

...

Согласно член 3 став 2 од Законот за работни односи, работниот однос може да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор. Во конкретната правна работа, тужителката со Одлука за именување на извршен директор, бр.02-30 од 29.12.2011 година, била изменувана за извршен директор кај тужениот, а со одлука бр.02-194/2 од 15.06.2015 година врз основа на член 23 и член 28 став 3 од Статутот на Здружението била разрешена од извршен директор и во истата било наведено дека согласно со чл.78 од ЗРО на вработената, сега тужителката ќе и се предложи нов променет договор за вработување.

Ова правно прашање е регулирано во одредбата од чл.78 ст.1 од Законот за работни односи, одредбите од овој закон што се однесуваат на откажување на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување. Согласно став 2 работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата. Согласно став 3, ако работникот во случајот од ставот 1 на овој член ја прифати понудата на работодавачот, нема право на отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување, а го задржува правото да ја оспорува пред надлежниот суд одлуката за промена на договорот за вработување.

Согласно со горе цитираната одредба, истата предвидува откажување на договорот за вработување и истовремена понуда на нов променет договор за вработување, меѓутоа, прво се дава отказот со причини зошто се дава отказот и за да не престане работниот однос му се нуди на работникот нов договор за да може да се произнесе дали го прифаќа или не. Во состојба кога помеѓу тужителката и тужениот не постоел склучен договор за вработување кој би можел да биде предмет на отказ со понуда на нов променет договор пред отказ, правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека предметната одлука е донесена спортивно на одредбите од ЗРО и одлучил да ја поништи како незаконита“.

Претходно Правно мислење на Врховен суд од 09.07.2018 г.
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право