- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 465.56 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 13, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2213/12
„(...) правилно првостепениот суд врз основа на сите изведени докази во текот на постапката утврдил дека во конкретниот случај тужениот не вршел психичко вознемирување на работното место врз тужителката. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот докажал дека не ја дискриминирал тужителката и не правел разлика помеѓу неа и останатите вработени, бидејќи тужениот не дал забрана за добивање примерок на службен весник само за тужителката, туку тоа било направено и за останатите вработени поради рационализација на финансиските трошоци. Исто така, тужениот докажал дека не ја исклучувал тужителката во однос на вршењето на работите, конкретно давањето извештаи до тужителката од страна на началниците на одделенијата кои никогаш не доставувале извештаи до тужителката, како и не ја исклучувал тужителката од работните состаноци, бидејќи истата многу ретко доаѓала и била присутна на работа за да може и таа да присуствува на состаноците, ниту пак им забранил на вработените да комуницираат и да ја поздравуваат. Правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не ја вознемирувал полово, ниту пак вербално, невербално или физички со цел да се повреди достоинството на тужителката, не презел постапки кои имале ефекти врз комуникациите на тужителката, врз социјалните контакти на тужителката и врз личниот углед постапки кои би имале ефекти врз тужителката и врз нејзиното физичко здравје (...).”