Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-518/14

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 146.53 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 19, 2015
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-518/14

Според состојбата на списите во предметот, Управителот на Друштвото донел мерила и критериуми за оценка на способноста на работниците, кои мерки ги предвидувале бодирањето на времетраење на работниот однос, професионалноста и успешноста, квалитетот на извршените работи за изминатиот временски период, почитувањето на Правилникот за ред и дисциплина, како и дополнителни критериуми. Управителот со Известување ги известил вработените за новодонесените мерки со кои ќе биде намален бројот на вработените кои биле ангажирани за клиентот Х., поради тешката финансиска состојба и намалување на соработката со Х., како и тоа дека ќе се врши бодирање на вработените и нивната досегашна работа, со што ќе биде формирана и комисија која ќе се грижи за правилно спроведување на определените мерки и критериуми. Со одлука на работодавачот, била извршена измена на Правилникот за систематизација на работните места кај истиот. Работодавачот донел решение со кое е формирана комисија за правилно спроведување на мерките и критериумите за оценка на способноста на работниците, каде било предвидено комисијата да биде составена од три члена кои ќе постапуваат согласно мерките и критериумите за оцена на способноста на работниците, со цел да се изврши бодирањето. Комисијата го спровела на Записник бодирањето на вработените, каде било утврдено дека вработениот, сега тужителот, има најмалку бодови според критериумите. Управителот на работодавачот донел одлука за откажување на договорот за вработување од деловни причини согласно чл. 97 од ЗРО со која на работникот му престанал работниот однос од деловни причини со отказен рок од 1 месец, во која било наведено дека поради тешката економска состојба во која се наоѓа работодавачот, од страна на Управителот била утврдена потребата од намалување на бројот на извршители на работното место претставник на продажба, за што била донесена одлука со која била извршена промена на правилникот за систематизација и внатрешна организација на Друштвото за намалување на бројот на вработени на работното место на работникот, па биле донесени мерила и критериуми за оценка на способноста на работниците, како и дека е формирана комисија која го извршила бодирањето на вработените согласно поставените критериуми. За да се намалат последиците работодавачот утврдил дека на работниците на кои ќе им престане работниот однос ќе им се исплати испратнина.

Од горенаведеното се јавува како неоснован жалбениот навод на работникот во кој наведува дека одлуката за отказ не е во согласност со законските одредби од ЗРО и дека постапката за откажување на Договорот за вработување на работникот од страна на работодавачот е спротивна на законот, со прекршување на загарантираните права на работникот.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-525/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право