Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1422/18

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 284.76 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 16, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1422/18

„(...) правилно првостепениот суд оценил дека во конкретниот случај не е исполнет условот од чл. 9-а, ст. 3 од Законот за работните односи, односно дека тужителката трпела психичко вознемирување на работното место од тужениот во период од најмалку шест месеца. Имено, тужениот бил назначен за В.Д. Директор на установата на почетокот од месец август 2017 година, а тужителката тужбата ја поднела на 2.1.2018 година, а во меѓувреме, веднаш по назначувањето на новиот директор, тужителката го користела вториот дел од годишниот одмор од 2016 година, и тоа од 14.8.2017 година до 28.8.2017 година, а од 12.9.2017 година до 15.9.2017 година и од 18.9.2017 година до 2.10.2017 година користела боледување, односно истата била отсутна од работа повеќе од еден месец.

Оттука, произлегува дека тужителката од назначувањето на тужениот за нов директор на установата до поднесувањето на предметната тужба била на работното место помалку од шест месеца кои се предвидени како минимален период за да се утврди постоење на психичко вознемирување на работно место како негативно однесување од поединец или група кое често се повторува.

Имено, по наоѓање на овој суд, првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг, од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Оттука, произлегува дека од страна на тужениот нема негативно однесување, бидејќи тоа што тужениот формирал комисија против тужителката во врска со деновите во кои отсуствувала од работа, донел одлука за враќање на службениот лаптоп кој го користела, преместувањето во друга канцеларија и нејзиното распоредување на друго работно место, проверката на веродостојноста на сведителствата на тужителката не можат да бидат и не се причини за вознемирување на работното место, од причина што, тужителката имала право на заштита на своите права во постапка утврдена со закон.”

Претходно Пресуда на Aпелационен суд Битола РОЖ-312/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право