Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1539/18

  • Version
  • Преземи 16
  • Големина на фајлот 434.00 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 29, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1539/18

„(...) првостепениот суд правилно констатирал дека тужителката во текот на судската постапка не доставила релевантни докази дека тужениот психички ја вознемирувал на работното место, односно дека се однесувал спрема неа негативно најмалку во период од шест месеца континуирано со што би го повредил нејзиното достоинство, интегритет, углед и чест и би предизвикал страв или би создал непријателско, понижувачко или навредливо однесување.

Од друга страна, пак, тужителката во својство на странка изјавила дека се чувствувала дискредитирано и омаловажено со водење на дисциплинските постапки, но согласно чл. 8 од Законот за заштита од вознемирување на работно место, поединечните акти донесени од страна на работодавачот, (...), со кои се одлучува за права, обврски и одговорности од работен однос, против кои тужителката како вработена има право на заштита во постапка утврдена со закон, не се сметаат за вознемирување на работно место.

Во конкретниот случај, првостепениот суд правилно оценил дека дејствијата поврзани со водењето на дисциплинските постапки против тужителката претставуваат акти и дејствија од работен однос и согласно ЗРО, против таквите акти, тужителката имала право да вложи приговор, а потоа со поднесување на тужба пред надлежен суд да ги оспорува решенијата од дисциплинските постапки како незаконити (...).

Оттука произлегува дека водењето дисциплинска постапка, донесените акти во текот на дисциплинската постапка, извештајот за полугодишно оценување, не можат да бидат и не се вознемирување на работното место, а дотолку повеќе што во врска со извештајот за полугодишно оценување, истата не побарала заштита во постапка утврдена со закон.

Исто така, првостепениот суд правилно ги оценил како неосновани наводите на тужителката дека тужениот извршил неовластен упад во канцеларијата бр. 10 каде била сместена да ги извршува работните задачи, бидејќи од увид во потврда на МВР ПС ОН Гази Баба (…), Решение за формирање на Комисија за утврдување на фактичката состојба (…), Записник за утврдување на фактичката состојба во канцеларија бр. 10 (…), изјави и барање до раководителите на сектори (…) се утврдило дека ЈСП имало потреба од канцеларијата на тужителката, но откако утврдиле дека тужителката која подолг период користела боледување, ја сменила бравата на канцеларијата без никого да извести за тоа и без да остави примерок од клучот од канцеларијата во портирница и откако не го доставила клучот по укажување од страна на овластените лица од ЈСП, (…) Комисијата влегла во канцеларијата, извршила попис и изготвила записник за пронајдени предмети. Од тука, судот утврдил дека истото не претставува неовластен упад во канцеларијата каде била сместена тужителката за извршување на своите работни задачи, односно нема елементи на психичко вознемирување на тужителката на работно место.

Оттука, правилно првостепениот суд утврдил дека во спорниот период не постои психичко вознемирување на работно место на тужителката од страна на тужениот утврден во чл. 9-а од Законот за работните односи (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-602/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право