Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/15

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 174.80 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 24, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/15

„Тужителот има засновано работен однос кај тужениот врз основа на договор за вработување (…) од 30.6.2014 г. на определено време од шест месеци, почнувајќи од 1.7.2014 г. до 31.12.2014 г., на работно место чистач на канцеларија – хигиеничар. Помеѓу странките не е спорно дека истиот продолжил да работи кај тужениот, како и тоа дека тужителот работи кај тужениот на неопределено време.

(…) тужителот повикувајќи се на одредбата од чл. 177 од ЗПП бара да се утврди дека со договорот за вработување склучен на ден 30.6.2014 г. помеѓу тужителот како работник и тужениот (...) како работодавач е заснован работен однос на неопределено време кај тужениот на работно место чистач на канцеларија – хигиеничар, почнувајќи со работа од 1.7.2014 г., како и тужениот да му го признае постоењето на ваквиот договорен однос во рок од 8 дена по приемот на пресудата, а во спротивно пресудата да послужи како основ за упис на работниот однос во Агенцијата за вработување на РМ – Центар за вработување В., во Фондот за ПИО – подрачна служба В. и Фондот за здравствено осигурување на М. – подрачна служба В.

По наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека во конкретниот случај не се исполнети законските услови од чл. 177 од ЗПП, како и тоа дека вака поставеното тужбено барање на тужителот е спротивно на чл. 3, ст. 3, т. 1 од ЗПП и одлучил да го одбие тужбеното барање на тужителот како неосновано.

Имено, иако тужениот го признал вака поставеното тужбено барање, истото не е од влијание судот да го усвои вака поставеното тужбено барање бидејќи се работи за договор за вработување кој претставува посебен вид договор и е предвиден во Законот за работните односи кој е lex specialis и за него не важат одредбите од Законот за облигациони односи, ниту може да се третира еднакво како договорите предвидени во ЗОО. Овој договор се склучува во определена форма предвидена во Законот за работните односи и по својот карактер е двострано-обврзувачки договор и со него се заснова работен однос.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.12/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право