Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/18

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 290.11 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 20, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/18

„(...) во период од 1.9.2014 година до 5.7.2017 година не постои важечки договор за вработување склучен помеѓу тужителот и тужениот, од кој би произлегла обврската на тужениот за исплата на плата. Од друга страна, не постои акт на тужениот, со кој е прекинат договорот за вработување на тужителот, пред истекот на неговата важност на 31.8.2014 година, односно не постои незаконит акт на тужениот, како работодавач, чија незаконитост е утврдена со правосилна судска пресуда, врз основа на кој му престанал работниот однос на тужителот, како евентуална причина за настанување на штета за тужителот, во вид на изгубена заработувачка во висина на платите што истиот би ги примил во наведениот спорен период од 1.9.2014 година, кога истекла важноста на претходно склучениот договор за работа на определено време, па до склучување на новиот договор за вработување од 5.7.2017 година. Имено, во наведениот период не станува збор за незаконит престанок на работен однос на тужителот, туку за период во кој истиот водел судска постапка за трансформација на неговиот работен однос, во која истиот успеал, па неговиот работен однос на определено време се трансформирал во работен однос на неопределено време.

Оттука, првостепениот суд правилно оценил дека тужениот нема обврска да му ги исплати на тужителот износите предмет на тужбеното барање, како неисплатена плата и придонеси за ПИО со оглед дека во спорниот период наведен во тужбата, не бил во работен однос кај тужениот, ниту обавувал работи и работни задачи, ниту пак има обврска наведените износи да му ги исплати како надомест на штета, бидејќи не постои незаконит акт на тужениот, со кој е предизвикана наведената евентуална штета, а самото водење на судска постапка за остварување на правото на трансформација на работниот однос од определено во неопределено време не може да се смета како штетно дејствие од страна на тужениот, дотолку повеќе што истиот нема никакво влијание на траење на судската постапка. Ова дотолку повеќе што, работниот однос на тужителот со наведената пресуда е трансформиран во работен однос на неопределено време, сметано од правосилноста на истата, а не и наназад, ретроактивно, сметано од истекот на важноста на последниот договор за вработување на определено време на 31.8.2014 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-196/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право