- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 162.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 5, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-636/14
„(...) жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека ангажирањето на работниците за работа подолго од полното работно време се врши врз основа на писмена наредба од страна на непосредниот старешина во организационата единица, за конкретниот случај тужителот не добил ниту писмена, ниту усна наредба за работа подолго од работното време, овој суд го ценеше но го најде за неоснован од следниве причини:
Имено, врз основа на увидот во податоците од книгата за присутност на работа на вработените, месечните распореди на работа, поединечните писмени наредби за прекувремена работа и споредбата со податоците од пресметковните листи од платите на работникот за спорниот период, вештото лице утврдило дека работникот во спорниот период своите работните задачи на работното место ги обавувал согласно месечните распореди за работа во смени според определен план. Бидејќи во случајот работодавачот водел книга за евиденција на присутност на работа, организационата единица правела распоред за работа, бидејќи работникот ги изработил работните часови повеќе од полното работно време, работодавачот му исплатувал на работникот делумно за надомест за прекувремена работа, иако за вишокот на часови не постои писмена наредба, во смисла на чл. 117 од ЗРО, работодавачот има обврска да му го исплати на работникот овој додаток на плата.“