- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 184.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 1, 2017
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-655/16
„(...) по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека не се исполнети кумулативните услови од чл. 46, ст. 4 од ЗРО кој го регулира правното прашање за трансформација на работниот однос од определено на неопределно време.
(...) трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време се спроведува во постапка во која е потребно да биде исполнет првиот услов, а тоа е работникот да работи две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање и други основи. Во конкретниот случај, неспорно е дека тужителот работел повеќе од две години кај работодавачот, но тужителот од засновање на работниот однос со првиот договор извршувал работни задачи наставник во престој, а со третиот договор засновал работен однос за работно место наставник по етика, иако не ги извршувал тие работни задачи што значи дека не бил на работно место за кое е поднесено барањето од директорот на тужениот (...) за трансформација во кое се тврди дека тужителот бил во работен однос повеќе од две години на работно место наставник во одделенска настава. Оттука, произлегува дека не е исполнет овој услов бидејќи за да биде исполнет треба тужителот да извршува работни задачи на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или по друг основ.
Исто така, потребно е работодавачот да утврди трајна потреба од работникот, сега тужителот и тоа да го предложи на Општинската комисија за трансформација на работните места. Во конкретниот случај, тужениот немал утврдено трајна потреба од работникот за конкретното работно место, а со барањето до Општинската комисија (...) не се произнел за трајна потреба на работното место на кое работел како наставник по одделенска настава (во престој), ниту на работното место како наставник по етика, туку се произнел за работно место наставник во одделенска настава, на кое работно место тужителот не работел.
(...) имајќи предвид дека како трет услов е потребно да бидат и обезбедени финансиски средства за ослободеното работно место по основ на пензионирање или друг основ кое е од задолжителен карактер, со оглед дека тужениот се финансира од Буџетот на РМ, а Министерството за образование донесува финансов план и програма и годишна пресметка, произлегува дека не е исполнет и овој услов.
Оттука, произлегува дека условите и начинот утврдени со закон на кои упатува чл. 46 од ЗРО не се исполнети за да може да се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време, бидејќи не е докажано дека тужителот работел две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање и други основи, дека се обезбедени средства за вработување на неопределено време, како и дека тужениот имал трајна потреба од работник.”