- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 123.02 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 4, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-348/18
„(...) првостепениот суд (...) правилно утврдил дека тужителот кај тужениот е во непрекинат работен однос од 3 години и 7 месеци и утврдил дека не се исполнети кумулативните услови од чл. 46, ст. 4 од ЗРО кој го регулира правното прашање за трансформација на работниот однос од определенo на неопределно време.
(...) трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време се спроведува во постапка во која е потребно да биде исполнет првиот услов, а тоа е работникот да работи две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање и други основи. Во конкретниот случај, неспорно е дека тужителот работел повеќе од две години кај тужениот, но видно од доказите изведени во текот на постапката нема докази од кои би се утврдило на кој начин е ослободено работното место на кое работи тужителот.
Исто така, потребно е работодавачот да утврди трајна потреба од работникот, сега тужителот што не е случај во конкретната правна работа.
(...) имајќи предвид дека како трет услов е потребно да бидат и обезбедени финансиски средства за ослободеното работно место по основ на пензионирање или друг основ кое е од задолжителен карактер, со оглед да тужениот се финансира од Буџетот на РМ, а Министерството за образование донесува финансов план и програма и годишна пресметка, произлегува дека не е исполнет и овој услов.
Оттука, произлегува дека условите и начинот утврдени со закон на кои упатува чл. 46 од ЗРО не се исполнети за да може да се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време, бидејќи не е докажано дека работното место е ослободено по основ на пензионирање и други основи, дека имало обезбедени средства за вработување на неопределено време, како и дека тужениот имал трајна потреба од работник.”