- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 359.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 19, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-894/12
„(...) со оспореното решение на тужителот му се става на товар повреда од член 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 и чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, односно дека сторил кражба на дизел гориво (...). Од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека тужителот не ги сторил повредите од член 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3, и чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО кои му се ставаат на товар со оспореното решение. Ова дотолку повеќе што против тужителот била поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека со дејствијата опишани во оспореното решение сторил кривично дело Кражба по чл. 235, ст. 1, в.в. со чл. 22 од КЗ, која со решение на ОЈО КО бр.2615/08 од 28.06.2011 година била отфрлена бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените меѓу кои и сега тужителот го сториле кривичното дело, односно дека презеле противправни дејствија што претставуваат исполнување на законското битие на предметното кривично дело. Точно е дека ослободувањето од кривична одговорност не значи и истовремено ослободување од дисциплинска одговорност затоа што овие две постапки се одвоени, но во случајот од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека во дејствијата на тужителот не се содржани ниту повредите на работниот ред и дисциплина, од што произлегува дека се работи за незаконит престанок на работен однос на тужителот.”