- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 128.57 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 7, 2019
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-725/18
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека не се исполнети кумулативните услови од чл. 46, ст. 4 од ЗРО кој го регулира правното прашање за трансформација на работниот однос од определено на неопределно време.
(...) Во конкретниот случај, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката работела повеќе од две години кај тужениот на работно место наставник по биологија од 9.9.2015 г. до 31.1.2018 г. кога ѝ престанал работниот однос кај тужениот со одлука (...) од 30.1.2018 г., и тоа на работно место кое било ослободено по основ на смрт на претходниот наставник по биологија.
(...) Во конкретниот случај, неспорно е дека претходниот в.д. Директор на тужениот (...) со барањето до Општинската комисија (...) од 13.9.2017 г. се произнел за трајна потреба на работното место на кое работела тужителката како наставник по биологија поради што првостепениот суд правилно утврдил дека и овој услов бил исполнет.
Меѓутоа, (...) не е доставено известување дека за истото се обезбедени финансиски средства.
Оттука, произлегува дека условите и начинот утврдени со закон на кои упатува чл. 46 од ЗРО не се исполнети за да може да се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време, бидејќи не е докажано дека за бараната трансформација на работниот однос на тужителката од определено на неопределено работно време биле обезбедени финансиски средства за вработување на неопределено време.”