Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/19

  • Version
  • Преземи 13
  • Големина на фајлот 123.05 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 4, 2020
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/19

„Видно од содржината на оспорената одлука за откажување на договорот за вработување со понуда на нов променет договор, се утврдува дека во образложението на одлуката нема конкретна причина поради која работодавачот пристапил кон донесување на оспорената одлука, односно нема причини во однос на тоа дали е укинато работното место на работникот-тужителот, а согласно дополнителни измени на правилникот, дали понудата на нов променет договор е поради деловни причини на страна на работодавачот или поради лични причини на страна на работникот, за кое нешто истиот бил должен да постапи согласно одредбата од чл. 72 и чл. 74 од ЗРО за да може да се прифати дека истата по својата содржина е во согласност со закон, поради што предметната одлука е незаконита.

Од друга страна, на тужителот му е понуден нов променет договор за работно место звање самостоен даночен советник за прием и обработка на пријави, а во одлуката се наведува дека тоа е поради потребата од посоодветна искористеност на работните способности на тужителот да истиот се распореди на работно место кое е слободно, а кое одговара на неговите стручни квалификации и работно искуство, а притоа истиот е распореден на работно место на пониско ниво и со помалку утврдена плата во износ од 610,90 бодови, без да даде оправдана причина за ваквиот начин на постапување што ја прави одлуката незаконита.

Имено, неспорно е дека законот предвидува и дава можност да во одредени случаи се понуди и нов променет договор на работник, меѓутоа не и во услови како во конкретниот случај. Имено, пред сè, работодавачот треба да го наведе основот и причината и да ја докаже основаноста на причината за отказ на договорот за вработување, а не како во конкретниот случај само паушално да се наведе во образложението на одлуката за откажување дека како причина е посоодветно искористување на работните способности на тужителот, без притоа да наведе конкретна причина и законски основ дали тоа е поради укинато работно место на тужителот, дали поради деловни причини или поради лични причини на страна на тужителот.

Исто така, доколку тужениот имал потреба да го распореди тужителот од едно на друго место и кога за тоа кај него постојат оправдани причини, тоа може да го стори само со понуда на склучување на измена – анекс на постоечкиот договор за вработување во согласност со чл. 28-а од ЗРО и притоа е должен на работникот да му достави писмено образложение за причините врз кои се заснова потребата за распоредувањето.

Во однос на жалбениот навод на тужениот во кој се наведува дека во конкретниот случај е постапено и согласно со одредбата од чл. 30 од ЗРО, овој суд го најде за неоснован од причина што истата се однесува на времено извршување на работни задачи, а не на распоредување на друго работно место, односно на откажување на договорот за вработување и истовремено се нуди нов променет договор за вработување согласно со чл. 78 од ЗРО како во конкретниот случај.

Поради сето горенаведено, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај тужениот нема наведено причини за основаноста на отказот во образложението на оспорената одлука, односно тужениот не ја докажа основаноста на причините за откажување на договорот за вработување.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.70/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право