Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1420/17

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 187.50 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 28, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1420/17

„(...) по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај не се исполнети законските услови од одредбата од чл. 46 од ЗРО, бидејќи истата се применува во состојба кога има договор на определено време врз основа на кој е заснован работниот однос.

(...) во услови кога помеѓу тужителот и тужениот не бил склучен договор за вработување, туку тужителот работата ја вршел ангажиран врз основа на договор за дело, односно предметниот однос помеѓу странките е врз основа на договор за дело, согласно со кој тужителот бил ангажиран за извршување работа, а тужениот како нарачувач се обврзал да му плати определен надомест за извршената работа (...), произлегува дека нема работен однос помеѓу тужителот како работник и тужениот како работодавач во смисла на ЗРО за да може да се примени одредбата од чл. 46 од ЗРО како што бара тужителот.

Исто така, правилно првостепениот суд утврдил дека не се исполнети законските услови од чл. 1, чл. 2, чл. 3 и чл. 4 од Законот за трансформација во редовен работен однос за да може ангажирањето на тужителот со предметните договори за дело да се трансформира во работен однос на неопределено време.

(...) ниту овој закон не ги дефинира, односно третира вака ангажираните лица како работници, туку истиот ги третира како лица ангажирани со договор, на кои, откако ќе бидат исполнети пропишаните услови со овој закон, ќе може да се трансформира таквиот ангажман со склучување договор за вработување, односно решение, со што истите ќе го добијат својство на работник.

(...) за да може да се изврши трансформацијата потребно е да постојат обезбедени финансиски средства, за кое нешто е надлежно Министерството за финансии кое, откако ќе бидат доставени потребните документи, ќе издаде, односно нема да издаде согласност за обезбедени финансиски средства за трансформација во работен однос на неопределено работно време на лицата од чл. 2 од овој закон, односно за бараната трансформација.

(...) не биле обезбедени финансиски средства за бараната трансформација за да може да се прифати дека се исполнети условите за трансформација на работен однос на неопределено време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1491/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право