- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 310.15 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 23, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-20/14
„Во изјавената жалба тужениот наведува дека реалната висина на платата на тужителот, вештото лице ќе можело да ја утврди доколку при изготвувањето на наодот и мислењето го земал предвид договорот за вработување, при што ќе утврделo дека тужениот на име неисплатени плати не му должи ништо на тужителот бидејќи истиот не доаѓал на работа и не ги вршел своите работни задачи.
Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како се неосновани од причини што од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека на вештите лица при обидот за вештачење во Архивата на тужениот (...) не им било овозможено да извршат вештачење (...) како би можеле да извршат пресметка на висината на платата со увид во платните списоци или декларации за плата кои месечно се доставуваат до УЈП, поради што и по оценка на овој суд, правилно вештачењето било извршено со користење на статистички податоци од Министерството за труд и социјална политика каде била определена најниска основица за пресметка на бруто-плата која претставува 50% од просечната бруто-плата по работник во РМ.”