- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 517.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 21, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-169/13
„(...) Исто така, правилно првостепениот суд го задолжил тужениот на име неисплатена плата за работа во странство во Сојузна Република Германија (...), бидејќи видно од увидот во списите во предметот, тужениот не докажал дека му била извршена уплата на име на плата на тужителот за целиот период за работа во странство, туку само има потпис дека тужителот примил плата од тужениот за работа во странство вкупен износ од 1.623,00 евра кое нешто го утврдило и вештото лице, како и тоа дека тужителот и тужениот се договориле за надомест за еден работен час во наведената држава во износ од 7 евра за час. Па како тужениот во текот на постапката не докажал дека нема законска обврска да му исплати на тужителот на име неисплатена плата за работа во РМ (...), како и (...) на име неисплатена плата за работа во Сојузна Република Германија (...), следуваше да се одбие како неоснована жалбата на тужениот.”