- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 100.70 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 30, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-83/14
„(...) Имено, во конкретниот случај не е заснован работен однос на тужителката кај тужениот, туку е склучен устен договор за работа за период од 1.7.2013 година до 1.8.2013 година врз основа на кој стапила на работа кај тужениот.
Согласно со чл. 15 од ЗРО, договорот за вработување се склучува во писмена форма, на истиот се потпишуват двете договорни страни, се чува во просториите на работодавачот, а примерок се доставува до работникот и откако потребата за работници работодавачот ја обезбедува преку објавување на јавен оглас во дневниот печат и објавувањето во службата надлежна за посредување при вработување. Во конкретниот случај, за предметниот период тужениот не постапил во смисла на одредбата од чл. 15 од ЗРО, туку истото го сторил на 26.7.2013 година кога поднел пријава за потреба од работник до Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Велес и потоа склучил со тужителката писмен договор за вработување бр. 02/23-13 од 29.7.2013 година. Според наведеното, имајќи предвид дека во периодот од 1.7.2013 година до 1.8.2013 година не постои писмен договор за вработување произлегува дека не е заснован работен однос на тужителката кај тужениот, поради што не постои начин како да се реализира тоа што тужителката и тужениот усно го реализирале. Тоа што тужениот во писмениот одговор на тужба го признал тужбеното барање на тужителката, не е од влијание во случајот бидејќи се работи за располагање на странките кое е спротивно на закон, согласно со чл. 3, ст. 3 од ЗПП.”