- Version
- Преземи 13
- Големина на фајлот 254.89 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 22, 2018
- Последна промена ноември 22, 2021
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-848/17
Согласно одредбите од ЗРО, нема предвидено законска одредба за престанок на работниот однос поради неприфаќање на новиот променет договор за вработување, односно во чл. 62 од ЗРО предвидени се начините за престанување на важноста на договорот за вработување, додека, пак, одредбата од чл. 78 од ЗРО предвидува откажување на договорот за вработување и истовремена понуда на нов променет договор за вработување. Оттука произлегува дека прво се дава отказот со причини зошто се дава отказот и за да не престане работниот однос му се нуди нов договор на работникот за да може да се произнесе дали го прифаќа или не, а не врз основа на наведениот член да се донесе одлука за отказ поради неприфаќање на нов променет договор. Предметната одлука е донесена спротивно на чл. 78 од ЗРО и е незаконита.