Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-204/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 327.86 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 20, 2011
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-204/11

„Овој суд ги ценеше и жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд врз основа на наодот и мислењето на вештото лице, кое погрешно ги применило одредбите од Гранковиот колективен договор и Колективниот договор на тужениот, како и спогодбата склучена меѓу ОСО на Агросиндикатот и тужениот, донел незаконита одлука затоа што категоријата најниска плата согласно со спогодбата претставувала минимална плата под која ниеден работник, без оглед на бројот на бодови или утврдена вредност на бод не бил исплатуван на крајот на месецот, додека на тужителката платата не била под загарантираната минимална плата во спогодбата, односно не била под 75% од просечната во РМ, меѓутоа истите не ги прифати од причина што согласно со Колективниот договор на вработените во мелничко-пекарската индустрија е утврдена најниската плата на ниво на гранка на дејност за прва група на сложеност на 75% од просечната плата во стопанството исплатена во претходниот месец, а не минимална плата како што наведува тужениот во изјавената жалба. Имено, по оценка на овој суд при определувањето на разликата на плата на тужителката од страна на вештото лице, а со тоа и на првостепениот суд, правилно и во согласност со напред наведениот Колективен договор на тужителката ѝ е пресметана разликата на плата која тужениот имал обврска да ѝ ја исплати, а не ѝ ја исплатил во спорниот период.

Неосновани се и жалбените наводи на тужениот дека поради тоа што тужителката не ги приговарала решенијата за плата, истите станале конечни, а поради тоа и тужителката немала право да бара разлика на плата. Ова од причина што тужителката со предметната тужба не ги оспорува решенијата за плата во кој е утврден бројот на бодовите, туку бара поради промената на вредноста на бодовите и исплата на плата за спорниот период пониска од најниската плата, разлика на плата од исплатената до најниската плата на степен на сложеност на работите во висина утврдена со Колективниот договор на ниво на гранка на дејност, односно на ниво на работодавач.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.221/2011-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право