Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-409/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 314.11 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 17, 2013
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-409/13

„Според чл. 106 од ЗРО, предвидено е дека основната плата се определува земајќи ги предвид барањата на работното место за кое работникот го склучил договорот за вработување. Додатоците на плата се предвидени во ставот 3 од овој член и насловот на овој член гласи основна плата, работна успешност и додатоци. Од ова произлегува дека додатоците се додаваат на основната плата и додатокот за т.н. минат труд е додаток како и сите други додатоци и тој се додава на основната плата, а не како што сметало вештото лице и првостепениот суд така прифатил. Законодавецот го осврстил додатокот на плата за минат труд како и другите додатоци во ставот 3 од чл. 106 од ЗРО и тие не влегуваат во основната плата. Исто така, и според чл. 75 и 76 од Законот за внатрешни работи („Сл. в. на РМ”, бр. 92/09) и чл. 86 и 87 од Колективниот договор на тужениот, предвидено е дека основната компонента ја сочинуваат основната плата, зголемувањето од 20%, односно 30% за т.н. полициски додаток и додатокот за кариера, а додатоците на плата влегуваат во исклучителната компонента на платата. Минатиот труд се вреднува во износ од 0,5% од делот на основната плата, што значи не влегува во основната плата, туку на основната плата се пресметува овој додаток од 0,5% за секоја година. Во случајот, тужениот е буџетски корисник, платата на вработените ја утврдува преку бројот на бодовите и вредноста на бодот како основна плата и на таа основица се додаваат додатоците доколку работникот има остварено и има право на такви додатоци. Бидејќи вештото лице ја пресметало разликата на додатоците на бруто-плата, а не на нето-платата, овој суд смета дека погрешно е применето материјалното право.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-84/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право