- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 333.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 30, 2011
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-649/11
„(...) Со оглед дека се работи за неисплатени плати, според чл. 181 од ЗРО се поднесува директна тужба до судот. Меѓутоа, за да настапи прекин на застареноста требало тужителката писмено да се обрати кај тужениот, а тужениот писмено да ѝ одговори со јасна изразена волја дека го признава долгот и дека ќе ѝ ги исплати платите на тужителката. Само со таквото обраќање и таквото признание може да се смета дека има прекин на застареноста. Со поднесување на тужбата во судот, исто така, настапило прекин на застареноста, меѓутоа во случајов тужбата е застарена, односно настапила застареност на побарувањето, а тужениот доколку сакал да ги исплати платите на тужителката и доколку го признал тужбеното барање, не би приговарал на застареност и тогаш ќе се смета дека тужениот се откажал од застарената обврска. Во случајов, со тоа што тужениот приговарал на застареноста јасно укажува дека со изготвеното известување не е дадена писмена изјава за признавање на долгот во смисла на чл. 376 од ЗОО.
Од наведените причини, овој суд смета дека тужениот нема дадено писмено признание на долгот и дека известувањето не може да се третира и смета како писмена изјава за признавање на долгот во смисла на чл. 376 од ЗОО.”