- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 305.96 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 14, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-989/12
„(...) прaвилно првостепениот суд врз основа на сите изведени докази во текот на постапката со сигурност утврдил дека тужителката доаѓала на работа и ги извршувала оние работни обврски што ѝ биле дадени како работни задачи од нејзиниот работодавач. Исто така, правилно првостепниот суд го ценел и приговорот на тужениот дека според тетратката за редовност тужителката не доаѓала редовно на работа, но истиот не го прифатил со образложение дека книгата за редовност била кај законскиот застапник на тужениот и работниците, меѓу кои и тужителката, се потпишувале само тогаш кога тој ќе дозволел, што значи дека тужителката иако не била потпишана во книгата, од сите докази произлегува дека доаѓала на работа и на работното место и ги извршувала своите обврски. Правилно првостепениот суд го утврдили фактот дека нелогичен е исказот на тужениот дека тужителката не доаѓала редовно на работа, а тужениот не ѝ дал отказ, туку тоа го сторил само поради фактот што кога била повредена во сообраќајна незгода и ѝ било отворено боледување, не го известила во законскиот рок од 24 часа. Исто така, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд постапил и кога ги ценел наводите на тужениот дека истиот не бил во можност да ги плаќа придонесите поради лошата финансиска состојба, но ваквиот приговор не ги прифатил од причина што врз основа на вештачењето со сигурност се утврдило дека и покрај постоење на одлука на тужениот, од увидот во документацијата произлегува дека според пресметката за плата не било извршено задолжување за исплата на плата во висина од 5.000,00 денари, туку во книговодството платата на тужителката била прокнижена и наведена во завршната сметка доставена до официјалните органи во висина на платата која требало да ѝ се исплати согласно со законските прописи, што значи дека во конкретниот случај донесената одлука на тужениот за висината на платата е ирелевантна и истиот е должен на тужителката да ѝ исплати плата и придонеси како во изреката на обжалената пресуда.”