Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-716/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 301.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање август 25, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-716/11

„Од доказите изведени во текот на првостепената постапка утврдено е дека одлуката за откажување на договорот за вработување од страна на работодавецот со отказен рок е донесена врз основа на чл. 79, 80 и 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО (Службен весник на РМ бр. 62/05). Според решението и доказите изведени во постапката првостепениот суд утврдил дека тужителката во своето работење повеќе пати несовесно и ненавремено ги извршувала работните обврски и не се придржувала до интерните процедури и правила на работење. Со таквото нејзино однесување кон работните обврски и задачи не покажувала сериозен пристап кон работната позиција и довербата која што и ја доделил работодавецот. Исто така, покажувала недоволно познавање на работниот процес на позицијата советник за клиенти, иако и биле овозможени сите потребни услови, упатства и насоки за правилно извршување на работните обврски, согласно внатрешните процедури и политика на банката. Банката и ги обезбедила на тужителката сите потребни обуки и семинари кои ги обезбедува на своите вработени согласно работната позиција. Тужителката покажала недоволно техничко знаење и покрај посетата на семинар за освежување на знаењето. Несовесно и ненавремено ги извршувала своите работни задачи што се одразувало на резултатите на работењето како на работникот, така и на целата експозитура во која била распоредена. Постоеле голем број поплаки од клиенти за нељубезен однос кон нив, бавност при извршување на услугите и имала некоректен однос кон вработените и претпоставените. Многу често комуницирала на висок тон со своите колеги и многу често бурно реагирала без потребна причина. На 12.5.2009 година добила писмено предупредување во однос на кршењето на работниот ред и дисциплина, несовесно и ненавремено ги извршувала работните обврски, како и непридржување кон интерните прописи на работодавецот. Тужителката и покрај писменото предупредување не покажала подобрување на своето работење. Фактичката состојба првостепениот суд ја утврдил врз основа на увидот во Правилникот за внатрешната организација и систематизација, писменото предупредување и исказот на сведокот Е. К. која што била заменик раководител на експозитурата и претпоставен на тужителката. (...)

Жалбениот навод дека првостепената пресуда се заснива исклучиво на посредно изведени докази е неоснован затоа што сите докази се непосредно изведени. Со жалбата се тврди дека сведокот Е. К. кажувала нешто што лично не го забележала, туку по кажување на други, но ваквото тврдење не е точно бидејќи од исказот на сведокот се утврдува дека таа како претпоставен на тужителката ги уочила сите неправилности и негативности во работењето на тужителката изнесени во решението, односно во одлуката за престанок на работен однос.

Жалбениот навод дека и после 30 дена од предупредувањето немало доказ дека тужителката продолжила и понатаму да работи на истиот начин е неоснован затоа што од исказот на сведокот Е. К. првостепениот суд утврдил дека и после предупредувањето и после 30 дена од предупредувањето тужителката ги повторила истите грешки поради кои и било издадено предупредувањето.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-326/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право