- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 347.47 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-800/14
„(...) Видно од содржината на одлуката се утврдува дека истата нема образложение, односно во истата не е наведено по кои фактури тужителот не констатирал дека продадената стока е прикриена од комерцијалитот Р. П., не се наведени дејствијата со кои тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, кои работни обврски не ги извршувал од работното место согласно со договорот за вработување, односно изнесените причини во одлуката дека тужителот од почетокот на месец април 2012 година не презел мерки за наплата за продадената стока, не презел конкретни активности за откривање на вистинската причина за долговна одговорност на купувачи на алхохолни производи и не констатирал дека по одредени фактури продадена стока на купувачи е прикриена од комерциjалистот Р. П., а не била нарачана и ниту испорачана на купувачите, по наоѓање на овој суд не е доволна причина за откажување на договорот на вработување на тужителот за да се прифати дека одлуката е законита. Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина не ги содржи сите законски елементи правилно првостепениот суд нашол дека одлуката на тужениот со која му е откажан договорот за вработување на тужителот не е во согласност со законот и дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување. (...)”