Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-36/18

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 456.60 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 19, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-36/18

„(...) не може да се смета дека со тоа што тужителот му исплатил плата до денот кога го одјавил од работен однос, тужениот се стекнал без основ со истата и треба да му ја врати исплатата, согласно со чл. 199, ст. 1 од ЗОО. Доколку тужениот отсуствувал од работа 3 последователни работни дена, тужителот можел уште на 18.9.2016 година да му изрече престанок на работниот однос, но така не постапил, туку одлучил работниот однос да му престане дури на ден 5.10.2016 година и до тој ден му исплатил плата, а доколку сметал дека не му е изработена и не му следува, можел да не му ја исплати. Со тоа што тужителот му ја исплатил платата за периодот од 15.9.2016 година до 5.10.2016 година кога бил одјавен од работен однос, тужениот не се стекнал без основ со истата и не е должен да ја врати. Ова од причина што согласно со чл. 200 од ЗОО, тој кој ќе изврши исплата знаејќи дека не е должен да плати нема право да бара враќање, освен ако го задржал правото да бара враќање или ако платил за да ја избегне принудата, а во конкретниот случај тужителот не го задржал правото да бара враќање, ниту докажа дека платил за да избегне принуда.”

Претходно Пресуда на Врховен суд Рев3.бр.55/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право