Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-436/14

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 105.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 19, 2014
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-436/14

Работникот кој нема склучено договор за вработување и не е пријавен во работен однос кај работодавачот, туку работите ги вршел врз основа на склучен договор за дело или договори за вршење на посебни работи, нема право на трансформација во работен однос на неопределено време и покрај тоа што континуирано вршел работи за работодавачот за период подолг од пет години и редовно се потпишувал во книгата за редовност кај работодавачот.

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката со тужениот немала склучено договор за вработување кај тужениот, туку истата била ангажирана со склучени договори за дело, договори за вршење посебни работи, не била пријавена во Агенцијата за вработување на начин како што е предвидено согласно со чл. 13 од ЗРО, не била пријавена за користење на социјално и здравствено осигурување, како и не била евидентирана во Фондот за ПИОМ за евиденција на работен стаж како што предвидуваат одредбите на наведениот член. Имено, видно од склучените договори е дека сега тужениот бил евидентиран како нарачувач и сега тужителката бил евидентирана како извршувач. Во конкретниот случај, правилно првостепениот суд оценил дека се работи за склучени посебни договори согласно одредбата од чл. 252 од ЗРО, со кои тужениот имал својство на нарачател, а не на работодавач, а тужителката имала статус на извршител на работите, а не на работник од што произлегува дека не се работи за потпишани класични договори за вработување по форма и содржина предвидени во ЗРО кое, пак, потпишување согласно со овие одредби и од одредени услови би значело и примена на чл. 46 од ЗРО, односно трансформација на работен однос од определено на неопределено време. Инаку, работното ангажирање на тужителката престанало (...) по добиеното известување од тужениот дека нема потреба од нејзино ангажирање, односно со престанокот на важење на последно склучениот договор за вршење посебни работи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-342/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право