Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 495.14 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 8, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/17

„Видно од договорот за вработување се утврдува дека висината на основната плата на работникот месечно изнесува 48.000,00 денари и истиот е потпишан од Управителот и од работникот А. Г., сега тужителот, со кој работодавачот се обврзал на работникот да му ги обезбеди правата утврдени со Закон и КД.

(...) правилно првостепениот суд утврдил дека за спорниот период има разлика пoмeѓy договорената, согласно со Договорот за вработување и исплатената нето-плата, како и за уплатените придонеси од плата, па оттука во услови кога тужениот во спорниот период иако бил должен да му ги исплати на тужителот платите и придонесите како што било предвидено во договорот за вработување, истиот му исплатил помала плата, правилно првостепениот суд го задолжил тужениот да му доплати на тужителот на име помалку исплатена нето-плата за предметниот период согласно со договорот за вработување и согласно со одредбата од чл. 105 и чл. 110 од ЗРО.

Ова дотолку повеќе што видно од списите во предметот, тужениот нема доставено материјални докази од кои би се поткрепил фактот на тужениот во однос на наводот дека на тужителот платата му била утврдена во висина од 25.000,00 денари, односно вештото лице, постапувајќи согласно со напатствијата на судот, се обратил до тужениот (...) да изврши увид во Договорот за работа во оригинал, кој се нaoѓa во Персоналното досие во евиденцијата на тужениот, увид во Решение за престанок на работен однос (...), увид во Образец М-1/М-2, увид во Платни листи – Платни списоци на тужен, со цел да утврди колкава е висината на платата согласно со Договорот за вработување (примерокот од Договорот за вработување што се чува кај работодавачот), па врз основа на тоа да ја утврди нето-платата и придонеси од плата за доплата за предметниот период и дали има разлика за доплата (нето-плата и придонеси од плата), но тужениот не ја почитувал Наредбата и на вештото лице не му доставил на увид Договор за вработување во оригинал.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.108/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право