Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-308/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 314.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 3, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-308/14

„Утврдувањето на плати и други надоместоци при заснован работен однос помеѓу работник и работодавач се определува согласно со закон, КД и договор за вработување, согласно со чл. 105 од ЗРО, при што овој суд констатира дека не може да се определат плати и други надоместоци од плата согласно со Правилник за плати и други надоместоци изготвен од страна на работодавачот. Со оглед на фактот дека во договорот за вработување меѓу тужителот и тужениот во делот на одредбата за определување на платата на тужителот е ставен коефициент, односно нумерички не е утврдена плата во номинален износ, овој суд смета дека таквата одредба во договорот за вработување е неопределива, односно не може со сигурност да се утврди колку всушност е платата на тужителот за да може да ја определи евентуалната неисплатена разлика, имајќи предвид дека определениот коефициент упатува на Правилникот за плати и надоместоци утврден еднострано само од тужениот како работодавач. Оттука, а имајќи ја предвид одредбата од чл. 105 од ЗРО, со која се определува дека работникот има право на заработувачка – плата исклучиво со закон, КД и договор за вработување, овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1151/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право