- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 395.74 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 15, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-413/16
„(...) во конкретниот случај се работи за пресметана и исплатена основна плата и исплата на додаток за работен стаж на таа плата, што значи дека не се работи за минимална плата по чл. 107 од ЗРО, па како тужениот не му пресметал и исплатил додаток за работен стаж на таа плата во предметниот период, на кој начин не постапил согласно со одредбите од ЗРО и од Колективниот договор за сообраќај и врски, правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот на тужителот на име минат труд за периодот од 11-ти месец 2012 година до 8-ми месец 2014 година да му исплати сума во износ од 70.540,00 денари. Од друга страна, видно од списите во предметот, тужениот нема доставено материјални докази, ниту вештачење од кое би се поткрепил фактот на тужениот во однос на наводот за висината на додатокот на плата за минат труд.
Ова дотолку повеќе што, сметано од 9-ти месец 2014 година до пензионирање во јуни месец 2015 година, во исплатата на плата на тужителот пресметан е додаток по основ на минат труд за работен стаж од 35 години, што значи тужениот постапувал според одредбите од ЗРО и Колективниот договор за сообраќај и врски, но не и во предметниот период.”