- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 322.43 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 26, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-439/14
„(...) на тужителите платата им била исплатена како што е предвидено во чл. 5 од договорот и според решенијата за плата кои се донесени во зависност од постигнатите резултати од работењето и реализацијата на планот за работа на секој од тужителите. Согласно со договорите за вработување, во чл. 5 е утврдено дека платата на секој од тужителите изнесува 1.000 евра во денарска противвредност, така што истата ќе се исплаќа во процент во зависност од остварените резултати од работењето, за што тужениот донел месечни пресметки – решенија за плата во кои било точно наведено колку тужителите процентуално од договореното ја извршиле работата и во согласност со овие решенија била вршена и соодветна исплата на плата. Тужителите платата ја примале дел на трансакциска сметка и дел авансно на рака според листи за исплати каде тужителите своерачно се потпишале. Ова дотолку повеќе што тужителите бараат плата и за време кога не доаѓале на работа и не извршувале работни задачи и обврски поради што не им следувало плата.”