Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-797/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 490.16 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 6, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-797/15

„Имено, во конкретниот случај се работи за плата која е предвидена во одредбата од чл. 105 од ЗРО, според кој работникот има право на заработувачка – плата согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. Плаќањето на работата по договорот за вработување мора да биде секогаш во парична форма, а при исплатата работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го обврзува работодавачот. Платата е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоците, ако со друг закон поинаку не е определено и во одредбата од чл. 109, ст. 2 од ЗРО според кој, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. Од овие законски одредби произлегува дека тужителот има право на плата, тужениот е должен платата да ја исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период.

Оттука, со оглед на тоа дека тужениот на тужителот во спорниот период од 1.7.2014 година до 8.11.2014 година не му исплаќал плата, ниту платата ја исплаќал за тој период најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период, кое нешто се утврдува и од наодот и мислењето од вештото лице кое е стручно лице за таа работа, и кое е извршено во просториите на тужениот во присуство на шефот на службата за пресметка на плати врз основа на пресметка на плати, извод од трансакциска сметка на ФЗЦ, декларации на плати доставени до УЈП, кои се однесуваат за спорниот период, правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот да му плати на тужителот на име неисплатена плата во периодот од 1.7.2014 година до 8.11.2014 година вкупен износ од 41.034,00 денари. Тужениот постапил спротивно на чл. 109, ст. 2 од ЗРО, не извршил исплата на плата во наведениот рок, а со усвојувањето на тужбеното барање е донесена пресуда заснована на чл. 105 и чл. 109 од ЗРО.

Од горенаведеното, се јавува како неоснован жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека побарувањето е преурането, тужениот ќе ги исплати платите сукцесивно, па судот усвојувајќи го тужбеното барање донел незаконита пресуда.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-739/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право