Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1295/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 423.71 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 28, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1295/15

„(...) првостепениот суд врз основа на изводот од трансакциска сметка на тужителот за спорниот период (...) утврдил дека тужениот на тужителот не му исплатил плата во вкупен износ од 110.327,00 денари.

Оттука, во услови кога тужителот одел на работа и ги извршувал своите работни задачи, а тужениот како работодавач не му исплатил плата, правилно првостепениот суд постапил кога одлучил како во изреката на обжалената пресуда, повикувајќи се на одредбата од чл. 105, ст. 1 и 2 и чл. 110, ст. 2 од ЗРО.

Од друга страна, иако е обврска на тужениот како работодавач, тужениот не докажал со ништо дека му исплатил плата на тужителот во спорниот период, не дал одговор на тужба, уредно поканет не се јавил на рочиште за главна расправа и со ниедно дејствие не го оспорил по основ и висина тужбеното барање, ниту предложил докази во смисла на чл. 270 од ЗПП. Со жалбата доставува МПИН образец – Декларација за прием на Управа за јавни приходи дека на тужителот му била исплатена плата и придонеси, меѓутоа судот не го прифати овој доказ бидејќи согласно чл. 341, ст. 1 од ЗПП во жалбата не можат да се предлагаат нови докази.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1368/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право