Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1539/15

  • Version
  • Преземи 7
  • Големина на фајлот 410.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 9, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1539/15

„Неосновани се жалбените наводи на тужениот во кои наведува дека поради настанатите потешкотии во работењето на тужениот, истиот не бил во состојба да врши редовна исплата на плата и други надоместоци на вработените, поради која истиот донел посебна програма за надминување на настанатите потешкотии во работењето, па од тие причини тужениот им ги исплаќа заостанатите плати сукцесивно на рати, меѓу кои и на тужителот.

Овој суд го ценеше истакнатиот жалбен навод и го најде како неоснован од причина што по оценка на овој суд, истото не претставува основ преку кој би се прифатило дека е неосновано тужбеното барање на тужителот, односно дека нема обврска тужениот да му ги исплати платите на тужителот. Во конкретниот случај, во услови кога тужителот редовно одел на работа и ги извршувал своите работни задачи, тужителот согласно со одредбата од чл. 105 од ЗРО како работник има право на плата поради што правилно првостепениот суд го задолжил тужениот да му плати на тужителот на име неисплатена плата, за период од 1.9.2014 година до 31.5.2015 година, вкупен износ во висина од 167.080,00 денари.

Од напред наведените причини произлегува и неоснованоста на жалбениот навод на тужениот дека тужбата на тужителот е преуранета, а дотолку повеќе што, правото не познава институт преуранета тужба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-194/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право