- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 398.43 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 17, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1672/17
„(...) согласно со чл. 13, ст. 1 од ЗРО, со потпишување на договорот за вработување се заснова работен однос меѓу работникот и работодавачот; додека согласно со ст. 2, правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работата од работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на работа, договорени во договорот за вработување.
Во конкретниот случај, се работи за неисплатени плати. Согласно со законските одредби од ЗРО, на работникот му следува плата во услови кога одел на работа и извршувал работни задачи. Видно од доказите изведени во текот на постапката, тужителката имала склучено договор за вработување, но истата не одела на работа и не извршувала работни задачи на работното место за кое склучила договор за вработување, односно истата не стапила на работа. Тужителката, во смисла на чл. 40 од ЗРО, не побарала од тужениот да ѝ ги обезбеди сите потребни средства и работен материјал за да може непречено да ги исполнува своите обврски. Во случај кога тужителката не извршувала работи и работни задачи кај тужениот, и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека на тужителката не ѝ следува и исплата на плата во паричен износ како што е предвидено со чл. 105 од ЗРО, поради што правилно го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката.”