- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 398.72 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 3, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-857/16
„(...) и по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд (...) утврдил дека тужениот постапил согласно со Законот за работните односи, Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во М. АД С., како и согласно со Правилникот за вреднување на работните места и определување на платата и надоместоци на плата во М. АД С. (...) и Одлуката за определување на бруто-вредноста на бодот (...). Имено, од страна на директорите на тужениот бил проценуван работниот ангажман на тужителката во предметниот период согласно со одредбите на чл. 105, ст. 3 од ЗРО и чл. 65 и чл. 67, ст. 1 од КД за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во М. АД С. и чл. 12, ст. 2 од Правилникот за вреднување на работните места и определување на платата и надоместоците на плата и истите утврдиле дека тужителката не покажала домаќински однос кон работата, а квалитетот и обемот на вршење на работата при извршувањето на работните задачи кои произлегуваат од работното место не задоволуваат што значи дека за истата не постои основ за исплата на дел од плата за работна успешност. Од друга страна, видно од списите во предметот, тужителката не докажала дека истата покажала домаќински однос, како и тоа дека го задоволила квалитетот и обемот на вршење на работата и работните задачи кои произлегуваат од работното место.”