- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 594.09 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 11, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-22/12
„(...) тужителите немаат право на разлика на надоместок за исхрана за периодот од 1.1.2009 до 28.2.2009 година, бидејќи таквото право не е предвидено со законот. Имено, со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Сл. в. на РМ”, бр. 161/2008), кој влезе во сила од 24.12.2008 година, не постои повеќе правото на исхрана како законска категорија, доколку работодавачот на свој трошок не им организира исхрана за време на работа на вработените согласно со чл. 4, ст. 4 од наведениот закон. Исто така, и со Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија не е предвидено правото на исхрана бидејќи е воведен системот на бруто-плати и од 1.1.2009 година работникот добивал само плата. Тоа што правото на надоместокот за исхрана постои сè уште во Колективниот договор на тужениот не може да се прифати дека тужителот има право на исхрана за овој период, бидејќи Колективниот договор е во спротивност со Законот, односно кога за време на важењето на Колективниот договор се донесе закон со кој се ограничуваат определени права од Колективнот договор, во однос на тие права ќе се применува законот како повисок правен акт.”