Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-82/14

  • Version
  • Преземи 15
  • Големина на фајлот 303.86 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 26, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-82/14

„Основот на тужбеното барање е право утврдено со закон, што во конкретниот случај не е утврдено право, бидејќи во законот за овој период не е утврдено право на трошоци за превоз. Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на плати е воведен системот на бруто-плата, а со одредбата од чл. 4, ст. 2 од Законот за изменување и дополнување на ЗРО („Сл. в. на РМ”, бр. 161/2008 од 24.12.2008 година) се бришани ст. 1 и 2 од чл. 113 од ЗРО и согласно со чл. 113, ст. 1, т. 1 и т. 2, работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за: исхрана за време на работа, доколку се исплатува во паричен износ; превоз до и од работа, доколку се исплатува во паричен износ, а во ст. 4 од ЗРО само е дадена можност работодавачот на свој трошок да им организира на работниците превоз до и од работното место, што значи дека од 31.12.2008 година законско право за трошоци нема и со новиот закон не е утврдено ова право. Имено, работниците кај тужениот ова право го имале сè до стапување во сила на измените на КД на тужениот, објавени во „Сл. в. на РМ”,  бр. 17/09 од 5.2.2009 година, кој се применувал и бил задолжителен во обврските на тужениот при остварување на правата на неговите вработени. Според измените на овој КД, по стапување во сила на измените, работниците кај тужениот веќе немале вакво право, односно со измените не е предвидено право на превоз на работниците, ниту во висина на тие трошоци, што значи дека во периодот за кој тужителот побарува надомест на трошоци за превоз не се во сила одредбите на КД на тужениот со кој е регулирано ова право. Од овие причини следуваше жалбата на тужителот да се одбие како неоснована.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-108/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право