Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1080/13

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 300.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 28, 2013
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1080/13

„(...) тужителот немал наредба, ниту патен налог да користи сопствено возило за превоз од местото на живеење – Крива Паланка до местото на извршување на работните задачи, што значи не станува збор за службено патување. Колективниот договор на работниците во ЈП (...) на кој се повикува полномошникот на тужителот, и тоа чл. 68 каде е предвидено дека работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата, меѓу кои и користење на приватен автомобил за службени потреби, како и чл. 75 од истиот Колективен договор, каде што стои дека работникот има право на надомест за користење приватен автомобил за службени цели во висина од 30% од литар гориво за поминат километар, во конкретниот случај не може да најде примена од причини што приватниот автомобил тужителот го користел без наредба и патен налог од тужениот за извршување редовни работни задачи, а не за службени потреби. Имајќи предвид дека надоместокот на патни трошоци не е предвиден во ЗРО, ниту во Колективниот договор на тужениот, а во случајот не станува збор за службено патување во смисла на чл. 113 од ЗРО („Сл. в. на РМ”, бр. 52/2012), правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1088/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право