- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 318.19 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 15, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1268/13
„(...) неподнесувањето на писмено барање не значи и губење на правото на надоместок на реалните трошоци за превоз кои ги имал тужителот поради тоа што за извршување на работните задачи од работните места на кои бил распореден морал да патува затоа што живеел надвор од местото каде што бил распореден.
(...) основаноста и висината на тужбеното барање на тужителот првостепениот суд ја утврдил врз основа на наредбите со кои тужителот бил распореден на работни места надвор од местото на живеење, за патување до местото на работа тужениот немал обезбедено превоз, поради што и тужителот бил изложен на дополнителни трошоци што, пак, е основ за надоместување на овие трошоци од страна на тужениот.
Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека барањето за надомест на трошоци за превоз за 2009 и 2010 година е неосновано бидејќи со измените на КД на МВР и Законот за работните односи повеќе не постои законски основ за тоа. Ова од причина што во услови кога тужителот за периодот од 1.1.2009 година до 22.9.2009 година патувал на релација Штип – Скопје – Полициска станица Бит-пазар и обратно и имал поголеми трошоци за патување од надоместот кој се исплаќа при вршење на работни задачи во местото на живеење, а тужениот немал организирано превоз, тужителот има право да му бидат надоместени реалните трошоци кои ги имал. Имено, правото на надомест за превоз на тужителот е предвидено со КД на МВР. Вработените кои своите работни задачи ги извршуваат на начин што секојдневно патуваат од местото на живеење до местото на работа, како што е случај со тужителот, а работодавачот не обезбедил организиран превоз, имаат право на надомест на реалните трошоци кои ги имаат. Имајќи предвид дека за периодот од 1.1.2009 година надоместокот за превоз се исплатува во бруто-плата, и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека за спорниот период тужениот е должен на тужителот, на име трошоци за превоз, да му ја исплати разликата што се јавува од износот што му е исплатуван на тужителот до износот на потрошените средства за патни билети во јавниот сообраќај на наведените релации.”