- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 294.86 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 10, 2011
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1594/10
„Жалбениот навод за погрeшна примена на материјалното право е неоснован затоа што се работи за реално направени трошоци од страна на тужителот за патување со автобус на релација с. Трновац, Кратово каде што живее до Скопје каде што работи. Висината на тужбеното барање е утврдено со наод и мислење на вештото лице и во висина на автобускиот превоз. Во случајот се работи за реални трошоци на тужителот предвидени со чл. 113 од ЗРО од 2005 година. Иако овој член важеше до 31.12.2008 година, а по 1.1.2009 година со воведувањето на системот на бруто-плата, трошоци за превоз посебно не се предвидени, меѓутоа во случајот се работи за реални трошоци, а не за оние трошоци од 900,00 денари што следуваат како надоместок според Колективниот договор и Буџетот на РМ за 2008 година, така што правилно е применето материјалното право од страна на првостепениот суд кога тужбеното барање е усвоено во целост.
Тужениот се жали дека тужителот требал претходно да поднесе барање за надомест на трошоците, дека немал доставено доказ за извршено патување, дека со Буџетот на РМ лимитирани се трошоците во износ до 900,00 денари, а од 1.1.2009 година повеќе не постои категоријата трошоци за превоз (...). Апелациониот суд Скопје смета дека наведените жалбени наводи се неосновани бидејќи се работи за парично побарување и според ЗРО не постои право тужителот да бара претходна заштита. Нема потреба од доставување на доказ за извршено патување кога е неспорно дека тужителот патувал од место на живеење с. Трновац, Кратово до место на работа Скопје и дека овие трошоци му следуваат како право предвидено и по ЗРО и по Колективен договор. Не се работи за лимитирани трошоци до 900,00 денари, бидејќи се работи за реално направени трошоци за патување од место на живеење до место на работа подолго од 50 км, а тоа е предвидено и со Колективниот договор на тужениот.”